Почетокот на оваа година дефинитивно поминува во знакот на вештачката интелигенција. Развојот на оваа технологија е доволно напреднат и достапен, па можеме да ја видиме како се интегрира во се повеќе сервиси и производи.

Aimi е апликација за слушање музика, но таа не е само уште една конкуренција на Spotify, YouTube Music, Apple Music и другите. Оваа апликација ја генерира музиката што ја пушта преку вештачка интелигенција, а корисниците можат да ја прилагодуваат за време на слушањето.

При вклучувањето на апликацијата прво се избира вид на музика, како на пример електронска, „чил“, хаус и уште неколку други жанрови, по што за кратко време истата се генерира и започнува.

Генерираната музика потоа може да се контролира, односно насочува на повеќе начини. Наједноставниот начин е преку притискање на двете копчиња кои означуваат допаѓање или не допаѓање.

Вториот начин може да се каже дека е главен и овозможува прилагодување на неколку елементи на музика како harmony, beats, bass, taps, melody, pads и fx.

На крај, корисниците можат да ги прилагодат и интензитетот на музика, прогресијата, односно колку често се пробуваат различни комбинации, вокалите и текстурата.

Кратко кажано, секој корисник ќе слуша различна музика која тој самиот ќе ја прилагоди и ќе ја насочи вештачката интелигенција.

Колку и да звучи ова интересно, сепак не е за секого, а посебно кога ќе се земат жанровите на музика кои се достапни.

Сервисот кој беше достапен преку веб, како и во тест верзија, сега е официјално достапен преку апликација за Android и iOS.

ИЗВОР Engadget
  • ОЗНАКИ
  • Aimi
Facebook
Twitter
Linkedin
Email
Viber
Претходна статија GM развива личен асистент за автомобилите направен на основа на GPT алатката од OpenAI
Следна статија Објавени видеа од Galaxy A54 и A34 на неколку денови пред официјалното претставување
Мишо Лекиќ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
Facebook